еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има причини за загриженост за безбедноста на Западен Балкан, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг од Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој од денеска е во посета на Македонија, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски подвлече дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.

-Во Босна и Херцеговина се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики, и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина.

Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство. Белград и Прштина мора да се впуштат во дијалогот којшто е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решението ќе ги почитува правата на сите заедници, рече тој.

Посочи и дека Македонија е ценет сојузник на НАТО.

-Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО, подвлече тој.

-Вие придонесувате кон безбедноста и стабилноста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, решени сте да дојдете до два проценти од БДП, потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина.

Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност солидарноста на НАТО на дело, рече Столтенберг.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи утре во Софија, ќе сретне и со Бојко Борисов и Кирил Петков

Редакција

До Министерство за правда не е доставено барање за регистрација на бугарското здружение „Цар Борис Трети”

Редакција

Духот и божикната магија на Рајчкиот манастир во рачно изработените божикни пештери

Редакција