еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Безживотно човечко тело извадено од Вардар кај Велес

На единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), синоќа рекреативен риболовец пријавил дека забележал безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во река Вардар.

„Од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи веднаш биле известени сите субјекти од Системот за управување со кризи за безживотното човечко тело за да се постапи според итниот случај (МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, лицето за контакт во Општината Велес, како и тимот спасители на вода од Доброволното друштво „Македонски спасител“, за безбедност на вода и планина од Велес).

Но, истите не интервенираа вечерта заради опасноста, по учесниците во акцијата, од надојдената вода во Вардар и брзото речно корито. Акцијата координирана на терен од СВР Велес продолжи утрово,“ информира ЦУК.

Безживотното човечко телото е извлечено од речната вода денеска, по 10 часот, од страна на Единицата за специјални задачи при МВР, а потоа е идентификувано од страна на синот, којшто вчера во 08.30 часот во СВР Велес го пријавил за исчезнат неговиот татко.

Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владиците Петар и Агатангел оздравеа од Ковид-19, поминале без сериозни компликации

Редакција

(Видео) Комунални редари се изживуваат врз женичка што кај Буњаковец заработува за леб: И ја превртеа гајбата и робата од торба

Редакција

Кој има интерес од Законот за игри на среќа и од враќање на диви обложувалници и сива економија, прашуваат од АСОМ

Редакција