еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија бара ЕУ да ја потсети Македонија за францускиот предлог

Бугарија на состаноците на Европскиот совет денеска и утре ќе побара Европската Унија (ЕУ) да ги повтори своите позиции во врска со Македонија и да се повика земјава да ги исполни обврските.

Во Брисел е бугарскиот технички премиер Димитар Главчев, кој ќе бара во заклучоците од дводневниот собир да биде вклучен и текст за Македонија.

„Премиерот ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14. декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Северна Македонија и Албанија од 18. јули 2022 година и да ја повикаат Северна Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција“, информираа од бугарската Влада

Главчев во Брисел допрецизира што значи оваа информација од бугарската Влада.

„Во декември 2023 година беше конкретно напишано и фокусот беше на уставните измени. Во последно време гледаме изјави, ајде од партиски лидери, но и од владини функционери во Северна Македонија кои велат дека такви промени нема да се прават и за тоа ќе ги информирам моите колеги од ЕУ и да се присетиме што било договорено за ова прашање.

Во моментов не се разговара за можни идни чекори, но претпоставувам дека и грчкиот колега ќе учествува за ова прашање… За мене е важно да ја претставам бугарската позиција, која е европска позиција.“, изјави Главчев.

Нема информација дали прашањето за Македонија во Брисел ќе биде отворено и од Грција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегнувајте го Центар со возила, дел од улиците ќе бидат затворени

Редакција

Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски

Редакција

Татко осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Редакција