Во бугарскиот Парламент вчера по предлог на отворено проруската партија “Преродба“ се изгласа Декларација, за како што стои во истата, системско и методично нарушување на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.
Истата следи по изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, а се состои од три точки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Декларацијата гласаа 170 пратеници и немаше против и воздржани.
Во првата точка се повикува македонската Влада да ја изгради трасата од паневропскиот Коридор 8 на македонска територија, која води до Бугарија.
Во втората се повикува на продолжување на прекинатиот дијалог и запирање на „антибугарска кампања и провокативни изјави“ во Македонија.
Во третата се потврдува „волјата на бугарската држава за организирање на заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности и несогласување со одрекувањето од заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членови на македонската Влада“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш