еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ветиринарната комора ги поддржува активностите на АХВ во скопската зоолошка

Ветеринарната комора во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани, поврзани со откривањето на авијарна инфлуенца кај птица во Скопската зоолошка градина, информираат од таму.

„Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата.

Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата,“ се наведува во соопштението од Ветеринарната комора.

Процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози – болести што од животни преминуваат на луѓе, како што се додава, се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат.

„Во врска со ова, потенцираме дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија.

Имајќи го предвид сево ова, повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните,“ истакнуваат од Ветеринарната комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопската зоолошка детектирала угинато животно и не постапила законски, велат од АХВ

АХВ потврди птичји грип во Скопската зоолошка градина, ќе бид затворена 21 ден

Колку е голема веројатноста луѓето да се заразат со птичји грип, еве што велат докторите

Фото: Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Трета во историјата на Македонија: Во тек трансплантација на срце

Редакција

МОН апелира за внимателен избор на туристичките оператори за ученички екскурзии

Редакција

Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири донираше ковалесцентна плазма

Редакција