Вечерва во Базел, Швајцарија ќе се одржи финалето на овогодинешново издание на Евровизија.
Во финалето од двете полуфинални вечери се пласираа: Литванија, Ерменија, Грција, Латвија, Израел, Малта, Финска, Данска, Австрија, Луксембург, Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина.
Директно во финалето одат пет земји: Обединетото Кралство, Шпанија, Германија, Франција и минатогодишниот победник Швајцарија.
Македонија не учествува трета година по ред, а од државите од поранешна Југославија не се пласираше ниту една.
Евровизија може да гледате на националната МРТ од 21 часот.
Ви преставуваме неколку од песните кои се фаворити, а кои се и во Топ 5 според обложувалниците:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ни една земја од поранешна Југославија не се пласира во финалето на Евровизија