еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) „Дали требаше да ги убиете нашите деца, за да увидиме во каква корумпирана држава живееме,“ прашаа родителите во Кочани на денешниот протест

Четврта сабота по ред, семејствата на настраданите во т.н. дискотека „Пулс“, организираа протестен марш, со наслов „Задоцнета реакција“.

Една од пораките на транспарентите кои ги носеа беше: „Дали требаше да ги убиете нашите деца, за да увидиме во каква корумпирана држава живееме“.

Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на Револуцијата, се движеа кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, каде беше изразен револтот кон институционалното работење, продолжија кон Министерството за внатрешни работи, при што им посочија дека задоцниле со реакција во секоја смисла на зборот.

Протестот заврши пред Основен суд, каде граѓаните побараа отчет за сработеното и неселективна правда.

„Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја одбегнувате одговорноста за најголемата трагедија во европски рамки што се случи во Кочани, ние родителите на починатите деца, би сакале барем за миг да бидете во наша кожа, да можете да ја почувствувате раскинувачката болка која ние ја чувствуваме, можеби тогаш ќе ја сфатите сериозноста и болната ситуација во која се наоѓаме.

Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот, ако убиените деца, беа ваши деца,“ праша мајка на загинато дете.

Дел од родителите беа револтирани бидејќи сметаат дека нивните деца не добиле кислородна поддршка во кочанската болница, по трагедијата.

„Мојата ќерка беше оставена во соба број еден на Интерно одделение, полицајците не не пуштија да влеземе. Потоа отиде сопругот во собата, покриена со ќебе легната на страна, сакала да се симне од кревет,со ногата надолу падната. Не и било дадено кислород, така ја најдовме.

Којзнае дали воопшто им било давано кислород, немаше кислород во болницата. Таа се уште беше топла кога мажот ми ја најде. Од болницата во Кочани не известија дека е во Скопје на КАРИЛ, кога стигнавме во Скопје ни се јавија дека е во Кочанската болница,“ изјави мајка на една од починатите.

„Мојот син седејќи на клупата во болницата во Штип, паднал и починал, никаде немаше изгореници, едноставно се задушил,“ додаде друга.

Семејствата бараат правда, порачувајќи дека ова е само почеток на борбата. Порачаа дека не се плашат, иако веќе имаат закани за она што го зборуваат на протестите, но и дека ќе одговараат како родители.

Фото/видео: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неџат Курт назначен за генерален директор на ТАВ Македонија

Редакција

Нови протоколи: На една маса во кафетериите и рестораните ќе можат да седат неограничен број гости

Редакција

Починаа 22 лица од Ковид-19, најмладиот имал 27 години

Редакција