еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Его“ – нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi

„Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Дади, а спотот е во продукција на Takat Studios.

Станува збор за динамична поп мелодија, која е надополнета со интересен спот во кој доминираат двајцата аристи. Спотот е во режија на Генц Халими.

„Среќна сум што навистина после повеќе години објавувам песна, која е дует – соработка со друг артист. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти.

Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме целодневно и навистина уживав во креирањето на целиот проект,“ вели Тамара за создавањето на „Его“.

Текстописец на „Его“ е самиот Дади, кој вели дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.

„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки – активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена.

Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио, така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото,“ изјави Дади.

Песната ќе биде достапна и на сите музички платформи.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суспендираната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, осомничена за перење пари, корупција и учество во криминална организација

Редакција

Денеска попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветар

Редакција

Каков имот пријавил градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој е во фокусот на јавноста по објавената снимка

Редакција