еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Може ли Јанева од притвор да бара предметите на СЈО да ги преземе Јавното обвинителство?

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари како осомничена за случајот „Рекет“, дала полномошно сите предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да бидат предадени на Јавното обвинителство (ОЈО).

Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во СЈО да ги предадат на Јавното обвинителство сите кривични предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Како што е познато Јанева се уште официјално не е разрешена, но правните експерти кои ги консултираше еМагазин, во овој преседан гледаат најмалку три спорни моменти.

Прво и основно според Законот за јавно обвинителство, Јанева од притвор неможе да бара било што поврзано со работата на СЈО.

Во член 60 од овој Закон, јасно стои: „Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор“.

Второ, спорно е и дали Јанева воопшто има надлежност да бара предметите, истрагите и предистрагите од СЈО да бидат префрлени во ОЈО.

Законот за СЈО не предвидува таква можност, па според правните експерти кои ги консултиравме потребни се дополнителни законски измени за да такво нешто биде возможно.

Трето, според членот 6 од Законот за СЈО, Јанева може да даде предмет на друго обвинителство, поради одредена причина, но не сите заедно.

Што велат законите?

Во постоечкиот Закон за јавно обвинителство, јасно е прецизирано што се случува со работата на јавен обвинител, кога истиот ќе заврши во притвор.

Тоа е регулирано во член 60:

(1) Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.

(2) Јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување.

(3) Oдлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.

(4) Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Во Законот за СЈО, пак не постои опцијата притвор.

Што пишува во член 17 од овој закон:

(1) На јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство функцијата му престанува:

– По сопствено барање

– Ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата јавен обвинител

– Ако е избран или именуван на друга функција

– Ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривино дело кое го прави недотоен за вршење на функцијта јавен обвинител.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член, престанокот на функцијата јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ја утврдува Советот на јавни обвинители на предлог на Собранието на Репблика Македонија.

Собранието на Република Македонија, предлогот го утврдува по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот.

Надлежностите на Јанева, како специјален обвинител пак се дефинирани во член 5, во кој пишува:

(1) Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, како што е дефинирано во членот 2 став (1) од овој закон.

(2) Јавното обвинителство се основа за целата територија на Република Македонија, со седиште во градот Скопје.

(3) Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство е овластен да презема дејствија и да застапува по предмети пред основните, апелационите судови и Врховниот суд на Република Македонија.

(4) Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното обвинителство, кои вклучуваат:

– Учество во судски постапки и започнување каква било судска постапка, вклучувајќи граѓанска и кривична, кои јавниот обвинител ги смета за потребни

– Изјавување на жалба против која било одлука на суд по кој било предмет или постапка во која јавниот обвинител учествува како надлежен

– Преглед на сите достапни документарни докази од кој било извор

– Добивање на сите безбедносни ослободувања за преглед на доверливи информации и информации кои не се достапни за јавноста и

– Поведување и спроведување на обвиненија во кој било надлежен суд, составување и потпишување на обвиненија, поднесување на информации, и водење на сите аспекти на кои било предмет кој произлегува од овој закон, во името на Република Македонија.

(5) Сите докази за кривични дела кои не се во обемот на овластувањата и надлежностите на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, или се релевантни за постојни кривични предмети ќе бидат предадени на Јавниот обвинител на Република Македонија и обвинителот кој го води предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност

„Катица од притвор си раководи со даљинско“: Твитер реакции за писмото кое Јанева го прати до СЈО од Шутка

Што пишува во писмото во кое Јанева бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да бидат предадени на ОЈО

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трогателно мајчинско сведоштво: „Д-р Жан Митрев направи чудо со мојата Инеа“

Редакција

СДСМ доби нов Извршен одбор: Кои се новите членови

Редакција

Истекува рокот на вториот јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

Редакција