Екипа на еМагазин од Солун
Во Солун, но и во 261 други места низ Грција, како и во 120 градови низ целиот свет, каде живее грчка дијаспора, денеска се протестира во чест на 57. жртви, кои загинаа на денешен ден пред две години во железничката несреќа кај Темпи во судар на патнички и товарен воз.
Загинатите се претежно млади.
Во Солун како што се уверивме сами немало никогаш толку масовен протест, за што потврда добивме од бројни граѓани учесници. Може слободно да се каже дека целиот град беше на улица, а речиси и да немаше отворено било каква продавница.
Некои сопственици пак пред нивните продавници нудеа бесплатно вода.
Запре и целокупниот сообраќај, затворија и рестораните и кафулињата.
Позната улицица Игнација беше претесна од почеток до крај да ги собере сите, па многу граѓани се движеа по споредните улици.
На протестот од младо до старо. Ученици, студенти, професори, лекари, такисти, синдикати, адвокати, уметници, новинари, трговци, преставници на разни здруженија и партии…
По собирот граѓаните во голем број отидоа и до железничката станица во Солун, каде одекнаа неколку експлозии, но тие останаа и го исфиркаа овој чин на некој со други намери, без да се создаде паника, а во меѓувреме доаѓаа илјадници и илјадници нови граѓани.
Граѓаните се гневни на грчката Влада дека прикривала причини за несреќата, а неодамна објавената аудио снимка покажа дека околу 30 лица биле живи по сударот, но починале поради недостаток на воздух од експлозијата во товарниот воз, за кој медиумите пренесоа дека нелегално пренесувал хемиски супстанци.
Дури 72% од граѓаните сметаат дека грчката Влада прикривала причини за несреќата, покажа неодамнешно истражување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/видео: еМагазин