еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во акција на полицијата приведени 10 лица, меѓу кои и поранешен градоначалник на СДСМ

Во акција на полицијата во Струмица, Гевгелија, Струга и Демир Капија за сузбивање на група инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана денеска се приведени 10 лица, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев.

Медиумите јавуваат дека меѓу приведните е и синот на поранешниот градоначалник на Гевгелија, Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ, Симе Франков.

Групата на црниот пазар продавала марихуана легално одгледувана во фабрика за медицински канабис, во сопственост на синот на Стојчев.

-Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата.

Денеска, полициските службеници од слобода лишиле 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели.

Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Монструм“: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период

Редакција

(Фото) Џибони фантастичен во Скопје – концерт кој долго ќе се памети

Редакција

Николчo Стоилков кандидат за градоначалник на Ново Село од ВМРО ДПМНЕ

Редакција