еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Во април минималната синдикална кошница зголемена за 1.214 денари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари.

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во април годинава му биле неопходни 3.004 денари, односно 5 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3 отсто, за образование 6.955 денари или 11,6 отсто, за ресторани и хотели 3.890 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 950 денари, односно 1,6 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 15.375 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

650 илјади евра од продажба на одземен имот префрлени во државниот буџет

Редакција

Здравствените установи ќе работат без прекин за време на министерскиот Самит на ОБСЕ

Редакција

Проф. Трајковски: Од Ковид-19 и од последици од вирусот починало население на град со големина на Гевгелија

Редакција