еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во државата живеат околу 500 лица со ХИВ, секој трет не го знае статусот

Во државата околу 500 лица живеат со ХИВ, а секое трето лице не го знае својот статус, истакна Елизабета Божиноска, в.д. директорка на „ХЕРА“ по повод 1 декември – Светскиот ден за борба против СИДА.

Хајди Штерјова Симоновиќ од Здружение ХОПС истакна дека потребно е да се зголеми инвестирањето во превенцијата, тестирањето и лекувањето на ХИВ за да се стави крај на епидемијата до 2030-та година.

Во 2018 година во оваа програма се предвидени 95 милиони денари, кога имало 200 заразени лица. А за следната, 2024 година се предвидени 90 милиони денари, во ситуација кога има 430 лица кои живеат со ХИВ.

„Очекуваме да се обезбеди зголемување за 10 милиони денари, колку што добивме уверување од претставници на владата,“ изјави таа.

Во периодот од 1987 до 2023 година во државава биле регистрирани 631 случај на ХИВ, а 125 лица починале, од кои две во октомври, едно минатата, и едно оваа година. Од здруженијата сметаат дека нашиот здравствен систем потфрла години наназад, и не успева навреме да ги дијагностицира лицата кои живеат со ХИВ.

Инаку, во земјава 60 проценти од пациентите кои ја носат оваа болест земаат современа терапија, додека пак останатите 40 користат лекови, чија употреба веќе не се препорачува од Светската здравствена организација.

Од здруженијата реагираат дека овие пациенти се уште се предмет на стигматизација и дискриминација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски пасош имале и убиените членови на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина и нивниот ликвидатор

Редакција

(Фото) Дел од КАМ маркетите откако се под лупа на УЈП, затворени, се прави попис

Редакција

Маж починал во куќарка на паркинг во скопски Центар

Редакција