еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал

Во првиот квартал од годинава „зелените кредити“ бележат годишен раст од 26,37%, информираат од Народна банка.

„Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати.

Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија.

Според податоците на Народната банка, на крајот од првото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 19.860 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари.

Заклучно со првото тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 18.771 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 1.089 милиони денари,“ велат од таму

Oд крајот на 2019 година, заклучно со првото тримесечје од 2024 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2% на 4,5%.

„Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки,“ велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа пет пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Македонија го чествува Свети Климент Охридски, прв словенски епископ – проповедник, мисионер, првосвештеник и космополит

Редакција

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Редакција