еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За приредбата со пушки и симболи на УЧК во Челопек одговорност ќе понесе наставничката која била организатор

За приредбата на која деца беа со пластични пушки во рацете и облечени во униформи на терористичката Ослободителна народна армија (ОНА) или попозната како УЧК во Основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек, одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Деца од основно училиште во Челопек, со пушки во рацете и со амблеми на УЧК на училишна приредба

Информацијата ја соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата“, изјави денеска Јаневска.

Приредбата во Челопек беше организирана по повод денот на албанското знаме, 28. ноември, а Државниот просветн инспекторат изврши контрола на 2. декември.

Истата предизвика лавина од осуди од јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Стаменковска Стојковски поднесе оставка, ќе биде дополнителен заменик министер

Редакција

Кацарска за сведочењето на Стефанова на судењето за „Рекет“: Згрозена сум, размислувам за тужба!

Редакција

Поранешниот секретар на Владата, Божиновски сведочеше на судењето за „Плацови на Водно“

Редакција