еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Бесија Иљази, директорката на Токсикологија

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази со недели е во фокусот на јавноста поради нејзиното однесување, но и поради бројните скандали на Токсикологија.

Сега е во фокус и на Антикорупциската комисија (Државната комисија за спречување корупција), од каде за државната агенција МИА информираа дека Комисијата ќе ги проверува податоците за нејзината имотна состојба, бидејќи има поднесено два анкетни листови кои не се идентични, а во меѓувреме таа не пријавила промена на состојбата.

Не само имотната состојба на Иљази, за јавноста и понатаму останува мистерија и нејзиното образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Каков имот пријавила

На официјалната страна на Антикорупциската може да се најде нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Комисијата кога станала советник во Општина Тетово, во декември 2021 година.

Овој анкетен лист како што се гледа е нецелосен. Не навела на чие име се работите кои ги пријавила, а за мнозинството од работите не ни навела која е нивната вредност.

Од Антикорпциска за МИА информираа дека таа во февруари годинава поднела нов анкетен лист, кој има законска обврска да го достави до Комисијата, бидејќи сега е на нова функција.

Истиот неможе да се најде на официјалната страна на Комисијата.

-Во вакви случаи, ДКСК согласно член 92 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси врши проверка на вистинитоста на податоците внесени во изјавата за имотната состојба и интересите во случај кога постапува по конкретен предмет или врз основа на годишниот план за работа.

Во периодот од 03.12.2021 до 03.12.2023 година, за наведеното лице немало отворено предмет за постапување, како период за можност за постапување по истиот односно за поведување прекршочна постапка против истото, велат од Антикорупциска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорите за вработувањето на 18. лица на Токсикологија се невалидни

Беќаровски бил од времето на друже Тито, разрешениот директор Петровски ја вработил снаа му, вели директорката на Токсикологија, Иљази

Директорката на Токсикологија им забрани на вработените да дават изјави за медиумите, ЗНМ го осуди обидот за цензура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИДСЦС спроведе симулациска вежба за поплави во Општина Кавадарци

Редакција

Реакциите за додатокот за трето дете не стивнуваат: Детето да го оставиме пред Влада

Редакција

Убава вест: 246 оздравени од Ковид-19

Редакција