еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кина вршела притисок Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи да не одат во Тајван

На македонските пратеници Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи од СДСМ, Кина им вршела притисок да не одат во Тајван, објави новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

Агенцијата имала увид во порака испратена до Милошоски:

„Jaс сум Ву, од кинеската Амбасада. Слушнавме дека сте добиле покана од ИПАК. Ќе присуствувате ли на конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван?“.

Засега нема реакции за оваа информација од Милошоски и Битиќи, за разлика од пратеници од други земји, која ја потврдиле истата.

Слични пораки биле испратени до пратеници од Босна и Херцеговина, Словачка, Боливија, Колумбија…

Во некои случаи, како што пренесува АП, имало нејасни прашања околу нивните планови да патуваат во Тајван, а во други случаи, контактот бил позаканувачки.

Станува збор за патување на Самит на Интерпарламентарната алијанса за Кина (ИПАК) што се одржува во Тајпеј, Тајван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Милошоски се јави од Тајван, не ги „послуша„ Кинезите

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Редакција

„Можда Европа е секси ама Америка има поголеми цицки“: Твитер реакции за изјавата на Заев, дека Европа е најсексипилна дама во светот

Редакција

Македонските ученици кои ги погоди земјотресот во Турција утре тргнуваат за Скопје

Редакција