Полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на скопска Гази Баба, Бобан Стефковски, заработија кривични.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против двајца полицајци од СВР Скопје – Д.К. и Б.Д., осомничени за фалсификување службени документи.
Според пријавата, на 20 април 2025 година, Д.К. издал прекршочен налог на едно лице, а потоа го фалсификувал документот и внел податоци на друго лице, познато по претходни сообраќајни прекршоци. Б.Д., иако знаел за фалсификатот, помогнал во прикривањето со внесување лажни податоци и во другата службена документација.
Двајцата се суспендирани до завршување на дисциплинската постапка, велат од Министерството за внатрешни работи.