еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кривична за поранешен директор на Идризово и затворски полицајци, овозможиле бегство на осудени лица од висок ризик

На 24.02.2025 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против десет лица и тоа: Ф.А. (42) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од КЗ, С.К. (53), П.А. (40), Ѓ.Р. (34), С.П. (48), Т.Н. (37), Е.О. (46), З.М. (35), К.В. (34) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, како и против С.К. (33) за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 1 од КЗ, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Пријавениот Ф.А., во својство на директор на КПУ Затвор Скопје, во период од март 2024 до 24.07.2024 година со намера на противзаконит начин, привремено да ослободи осудени лица кои издржувале затворски казни во КПУ Затвор Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба дозволил и наредил повеќе осудени лица од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности кои не им следувале согласно судските одлуки, односно истиот одобрил молби поднесени од осудените лица повремено да го напуштат затворот, по што пријавениот П.А. од позиција на командир на затворска полиција, кој бил задолжен за спровод, иако знаел дека таквиот вид на спровод е спротивен на закон и процедурите за спровод, по добиената наредба од директорот Ф.А., изготвил наредба за спровод на осудените лица до нивните домови и други локации за приватни потреби, по што така изготвени биле одобрени од страна на директорот Ф.А., а во неколку наврати биле одобрувани од страна на С.К., вработен како затворски полицаец во КПУ Затвор Скопје, личен возач на Ф.А..

Потоа пријавениот П.А. одобрените наредби ги предавал на пријавените затворски полицајци Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О., З.М. и К.В. со цел извршување на незаконскиот спровод на осудените лица, иако истите знаеле дека таков спровод на осудено лице до домашна адреса врз основа на молба е спротивно на закон и процедурите и подзаконските акти на законот, сепак го извршиле спроводот, каде што ги ослободувале осудените лица да извршуваат приватни работи, а потоа откако ќе поминел одреден временски период (најчесто 8 до 10 часови) пријавените затворски полицајци ги враќале осудените лица назад во затворот.

Кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ пријавените затворски полицајци го сториле така што за ваквите незаконски спроводи, биле користени службени возила на установата, за што било потрошено службено гориво, а притоа на дел од пријавените затворски полицајци директорот Ф.А. им одобрувал прекувремени работни часови (вкупно 44 часа исплатена прекувремена работа), со што согласно наведените незаконски дејствија била предизвикана штета на буџетот на Р.С.Македонија, а воедно и мала имотна корист за Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О. и З.М..

Пријавениот С.К. во својство на затворски полицаец кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 од КЗ го извршил така што со непреземање на должни мерки и активности при утврдување на бројна состојба на осудени лица, постапил спротивно на член 9, член 13, член 19, член 28, член 44 и член 45 од Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција, односно не пријавил одредена група на осудени лица при вршење физички проверки за бројна состојба, при што констатирал дека сите осудени лица биле присутни, односно немало отсутни.

Додека при извршена контрола поради ненајавен вонреден надзор од страна на стручни лица на Управата за извршување на санкции, констатирано е дека група од 11 осудени лица не биле пријавени дека не биле присутни, а кои биле сместени во импровизирани простории и тоа: „Возен парк“, „Перална“, „Столара“ и „Котлара“.

Во врска со бегството на групата од 11 осудени лица кои казната затвор ја издржувале во КПУ Затвор Скопје, поради фактот дека пријавениот Ф.А. во својство на директор на установата, иако бил должен да преземе соодветни мерки, во однос на импровизираните простории кои не исполнуваат законски услови за сместување на осудени лица, истиот не ги презел наведените активности и им овозможил на осудените лица да бидат сместени во импровизираните простории без посебен надзор како што налага Законот за извршување на санкции, со што постапил спротивно на член 31 од истиот, а со неговите постапки создал и овозможил услови кои што довеле до бегство на 11 осудени лица, а со наведеното пријавениот Ф.А. сторил кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 од КЗ.

На 27.02.2025 година извршени се претреси во домови кај Ф.А. и С.К, при што тие се лишени од слобода и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси низ повеќе локации во Скопје кај полицајци и припадници на затворската полиција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Октопус Ријека“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за одржување на преливна шахта во ХЕЦ Козјак вреден 537.000 евра

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.455

Редакција

Ќе се надоместуваат изгубените часови во училиштата каде имаше дојави за бомби, велат од МОН

Редакција