Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за тврдењето на премиерот Христијан Мицкоски дека тој, неговата сопруга и синовите, биле следени додека неговата партија беше во опзоција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство оформи предмет за тврдењето на Мицкоски дека со семејството биле следени
Тој пак во меѓувреме откри дека не бил следен само во 2020 и 2021 година, како што изјави претходно од говорницата во македонското Собрание, туку и годинава, кога дојде на оваа функција.
-Некаде во втората половина од оваа година, истиот овој извор ‘Цилиндар’ вели дека јас сум виден како пешачам со две женски личности на Водно. Во името на приватноста не сакам да ги кажам. Како што не е вистинита првата информација, така не е ниту оваа втората вистинита.
И замислете, тие ми презентирале информации од мој политички интерес. А додека пешачам, изворот ‘Цилиндар’ мене ме покривал, изјави вчера Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој и зошто го следел Мицкоски, неговата сопруга и синовите, кога беше во опозиција
Претходно изјави дека во 2021 година за време на локалните избори бил следен од изворот кој тогаш го имал името „Џокер“.
Вели дека за неговото тврдење постојат списи, креирани на почетокот на 2020 година.
-Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која, располага со вакви информации, во која што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури, вооружени, а при тоа не го информира Министерството за внатрешни работи.
И се поставува прашањето зошто не го информирала? Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше господинот Наќе Чулев, зборувам во 2020 година.
Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Фото: Влада