Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од денеска е во дводневна посета на соседна Србија.
Како што информираа од Владата, тој ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и со неговиот српски колега, Милош Вучевиќ.
Мицкоски ќе присуствува и на третиот меѓународен Саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а дел од македонската делегација на Саемот се и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на Владата, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Куманово.
Мицкоски ќе се обрати на отварањето на Саемот, а вечерва во хотелот Хајат во свечената сала ќе се одржи и македонска вечер, каде повторно ќе се обрати, а свое обраќање ќе има и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.
Фото: Влада