Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и новиот македонски премиер Христијан Мицкоски има најголема доверба од граѓаните покажува анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС).
Тој има доверба од 27,8% од испитаниците, втор е лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети со 8,4%, трет е лидерот на владејачката ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски со 4,8%, следи лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, со 3,3%, па поранешниот македонски претседател, Стево Пендаровски со 2,5%, поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски со 2,3 %, лидерот на владејачката Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами со 2,2%, колку што има и лидерот на владејачката Демократско движење, Изет Меџити, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, има доверба од 1,8%, колку што имаат и поранешните македонски премиери, Димитар Ковачевски и Зоран Заев, а довербата во поранешниот македонски премиер Никола Груевски е 0,9%.
Во ниту еден политичар не веруваат 25,9% од анкетираните.
Анкетата е спроведена телефонски на примерок на 1.089 полнолетни испитаници во периодот помеѓу 18 и 21 јуни 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Премиерот Мицкоски приватно
Кој е Христијан Мицкоски, новиот македонски премиер
Фото: Игор Бансколиев