еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

На четиричлено семејство во Македонија му требаат најмалку 57.467 денари да го помине месецот

Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на едно четиричлено семејство во Македонија за да го помине месецот му се потребни 57.467 денари.

Толку изнесува синдикалната кошница во февруари, која секој месец ја пресметува ССМ, а истата споредено со претходниот месец, месецов е повисока за 313 денари.

Најмногу пари на граѓаните им се потребни за исхрана.

Според ССМ за четири лица да се прехранат во февруари биле потребни 21.219 денари или 36,9% од целокупниот буџет.

Сметките за вода, струја и греење, според ССМ, изнесуваат 10,5% од буџетот на семејството или 6.014 денари.

Ако семејството нема сопствен дом и изнајмува стан од 60 метри квадратни, нивните трошоци драстично се зголемуваат. Според ССМ, за да преживеат тогаш им се потребни 72.851 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата американска амбасадорка на штипска пастрмајлија

Редакција

Невакцинираните нема да бидат примени во градинка: Во Скопје за еден ден 488 деца добија МРП вакцина

Редакција

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција