Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека неколку лица веќе се приведени во врска со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 51 лице и над 100 се повредени.
Дел од организаторите се меѓу повредените.
„Дежурен јавен обвинител е излезен на самото место, веќе се работи на случајот. Во овој момент најбитно е да бидеме смирени во насок на преземање на сите чекори. Секој еден кој погрешил ќе сноси одговорност.
Секако ќе мора се изврши обдукција за идентификација на починатите. Починати лица имаме во повеќе болници. Ќе имаме информации за јавноста на секој час, час и половина,“ додаде тој.
Министерот потврди дека искри од пиротехника се причина за пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Список на деца повредени во пожарот во Кочани, сместени во скопските болници
Официјално: Најмалку 51 лице загина во пожарот во дискотеката во Кочани
Трагедијата во Кочани, во која загинаа најмалку 51 лице, топ вест низ светот