еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство проверува дали постои поврзаност помеѓу убиството на Туша и пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

Основното јавното обвинителство (ОЈО) Скопје проверува дали има поврзаност помеѓу убиството на таткото на Гани Туша, Зељкиф Туша, кој е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки, еден од водачите на групата „Дуќанџик“ и пожарот во кафулето “Барон“ во скопската општина Чаир.

Гани Туша е член на групата „Барон“, соперничка група на групата „Дуќанџик“ .

Од таму информираат и дека јавен обвинител од ОЈО Скопје извршил увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.

-При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази, информираат од Обвинителството.

Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР.

Од ОЈО Скопје посочуваат дека се подигнати траги од лице место и дека се обезбедени снимки од видео надзор.

-Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Гани Туша, осомничениот за убиството на Оки, чиј татко е убиен

Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки 

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенија ги става на располагање своите капацитети за гасење на пожарите во Македонија

Редакција

(Видео) Ослободен Џулијан Асанж, основачот на Викиликс

Редакција

Првообинетиот за убиството на Никола Саздовски вели дека не сакал да го убие

Редакција