еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен повик за автори со креативни документарни проекти за учество на МакеКоПроДокс Форум 2024

МакеКоПроДокс форумот на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот.

Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција.

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи за време на 15тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Датум и локација: 19-21 август 2024, Скопје.

Кој може да аплицира: Продуценти/автори на документарни филмови продуцирани, копродуцирани или снимени на Балканот (С Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција). (*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот.)

Главни критериуми за аплицирање:

– да е долгометражен креативен документарен филм;

– да е во фаза на развој, продукција или постпродукција;

– да е снимен, продуциран или копродуциран во регионот.

Пријавувањето се врши во електронска форма преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.
Рок за пријавување: 15.06.2024 година.

Менторскиот дел за проектите се состои од:

Прва групна сесија (онлајн; крај на јули).

Две менторски сесии (онлајн; почеток на август).

Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (Скопје, 19-20 август).

Достапност и пристап:

Сите сесии ќе се изведуваат на англиски јазик. Освен на јавни настани, програмата не обезбедува индивидуален преведувач за учесниците кои не зборуваат англиски јазик. Авторите на избраните проекти треба да отпатуваат до Скопје за да го претстават својот проект.

Селекција и резултати:

Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб-страницата на „МакеДокс“ не подоцна од 20 јули.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарна трка од Струмица до Гевгелија за подигање на свеста за постоењето на ретката белодробна болест – Пулмонална хипертензија

Редакција

Бимилк ги изненадува своите верни потрошувачи: Омилените млечни производи во поголемо пакување, а по иста цена

Редакција

(Фото) Папата Франциск ќе биде послужен со едно од најдобрите македонски вина на свечениот ручек

Редакција