еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски негира дека ги убил и грабнал Вања и Панче

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, започна распитот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Тој одговараше на прашањата на неговиот адвокат Јовица Страшевски, а меѓудругото негираше дека учестувал во грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски, спротивно на тоа што кажаа дел од другите обвинети на претходните рочиште.

Палевски досега исто го кажал неколку пати.

Кажа и дека ако сакал да оствари некакво користољубие тоа ќе го сторел со уцена, на, како што кажа, милијардери со „ферари“, но не го сторил тоа.

„Не сум ги извршил убиствата и грабнувањата. Во депото на Обвинителството, мислам на скопското, се наоѓа хард-диск ’тошиба’ кој ми го одзедоа и каде што има гнасотии за оваа политичка елита и на новинарската професија.

И ако сум сакал да остварам какво било користољубие, сум можел да уценувам милијардери со ‘ферари’, но тоа не сум го направил”, рече тој и повтори дека е жртва на претходната власта, за време на која беше уапсен.

Рече и дека не се чувствувал како монструм и убиец, го нападна Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи, но и медиумите за нивното работење и известување.

Палевски рече и дека ги познава сите обвинети, освен таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, чие име првпат го видел во кривичната пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски го спори денот на убиството на Жежовски, во Турција отишол за да земе и доказ дека Гоце Делчев го убиле врховистите

Таткото на Вања пратил смс-порака до грабнувачите на нејзиниот телефон

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во Брисел кажа НЕ за францускиот предлог

Редакција

Државните ревизори утврдија дека во СЈО се делеле додатоци на плата спротивно на регулативата

Редакција

28-годишна медицинска сестра од Кичево почина од компликации со Ковид-19

Редакција