Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк” ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни”, која ќе трае од втори до десетти април, информираат од таму.
Во рамките на кампањата ќе има попусти до 60% на изданија за најмладите читатели, од повеќе издавачки куќи, застапени во „Литература.мк”. Станува збор за сликовници и книги за деца од „Арс Ламина”, „Антолог”, „Чудна шума”, „Светот на Биби”, „Прозарт”, „Полица”, „ПНВ Публикации” „Бегемот”, „Елоквента” и „Фолконика”.
Попустите важат само за онлајн нарачки и се достапни на линкот literatura.mk.
Меѓу насловите со попуст може да се најдат омилените сликовници на децата како: „Ѕвездено дете”, „Бушава азбука”, „Големата фабрика за зборови”, „Запчињата раскажуваат и порачуваат”, „Лили”, „Ведра”, пакет сликовници „Светот на Биби”, „Пилето ми пие”, „Сонувалко”, „Драга зоолошка градино”, „Шила” и многу други.
Светскиот ден на книгите за деца на глобално ново се одбележува на втори април, со објавување на нови книги, читање приказни, креативни работилници, конкурси, кампањи за поттикнување на читањето и промотивни настани.
Овој празник на литературата за најмладите се одбележува од 1967 година, а воспоставен е во чест на роденденот на славниот данскиот книжевник и еден од најголемите писатели за деца Ханс Кристијан Андерсен (1805 – 1875).