Неколку повредени од пожарот во т.н. во Кочани, кои се лекувале во Турција, при враќањето од таму доживеале непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој за инцидентот стапил во контакт со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за да го реши проблемот.
Децата веќе се вратени во Македонија, по што биле примени во скопската болница „8 Септември“.
Ним им било препорачано подолго болничко лекување во Турција, но нивните родители одлучиле тие да бидат пуштени на нивна одговорност.
Мицкоски денеска најави и дека наскоро лично ќе разговара со семејствата на загинатите и повредените во пожарот.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.