еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение за случајот „Феникс“, кој се однесува на спомениците од Скопје 2014

Од Јавното обвинителство информираа дека е поднесено обвинение за пет лица за случајот „Феникс“, кој се однесува на спомениците од Скопје 2014, а истовремено е поднесен и обвинителен предлог против шест правни лица.

Сите се товарат дека сториле продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од кривично дело од член 273 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Груевски, Ставрески, Тодоровиќ, Канческа-Милевска осомничени во “Феникс“

-Според опишаните дејствија во диспозитивот на обвинението, во временскиот период од втората половина на 2008 година до крајот на 2022 година во Скопје, првообвинетиот за да прикрие дека поседува и располага со пари што потекнуваат од казниво дело и дека со нив создава нови приноси, како организатор, создал група што се занимава со перење на пари.

Членови на групата меѓу другите станале и останатите четворица обвинети. Во состав на групата делувале и обвинетите правни лица меѓусебно капитално, персонално и финансиски поврзани.

Во пет од обвинетите правни лица првообвинетиот се јавува како вистински сопственик, косопственик или управител. Преку поврзано и заедничко делување на членовите на групата со други домашни и странски физички и правни лица, обвинетите правни лица и нивните управители, со намера да ги внесат во јавните финансии, платниот промет и стопанството во Република Северна Македонија и да ги помешаат со легалните приходи кои понатаму ќе создаваат нови приноси од казниви дела, групата започнала да ги прима и пушта во оптек на различни начини – еден дел директно во нашата држава, а дел преку други држави кон Република Северна Македонија.

Потоа со конверзија на овие средства било прикриено нивното потекло и тие биле пуштени во оптек за прибавување на имот во државава и во странство и претворени во друг вид на имот или имотни права, a со цел да се прикрие нивната понатамошна локација, движење или сопственост, стекнување на нови користи (приноси) и трансформации на незаконски стекнатите пари и нивно помешување во легалните економски текови на финансискиот систем на Република Северна Македонија.

Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, карактерот на истото, како и видот и висината на предвидената казна за кривичното дело што им се става на товар, на тројца обвинети им беше определена мерка куќен притвор.

Досега прибавените докази укажуваат дека групата делувала преку формирање на правни лица во странство, реализирање банкарски трансакции од и кон странски држави и купување на имоти во странство, од што пак несомнено произлегува околноста дека доколку се дадат во бегство ќе имаат и материјални, финансиски и логистички можности да останат недостапни на органите на прогонот подолг временски период или целосно да ја одбегнат кривичната одговорност.

Заради ваквите околности  предметниот обвинител со обвинителниот акт предложи продолжување на мерката куќен притвор за три лица и мерка на претпазливост – обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје за едно лице кое во моментот на поднесување на обвинението се брани од слобода со определена гаранција и за која Обвинителството смета дека не е доволна да обезбеди негово непречено присуство во текот на кривичната постапка.

Воедно напоменуваме дека севкупниот имот (хотел, деловни простории, станбени единици и други недвижни и подвижни предмети) идентификуван во текот на постапката со Решение на судија на претходна постапка е привремено обезбеден и истиот со оглед на начинот на кој е стекнат ќе биде предложен од страна на Обвинителството за конфискација, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мицкоски случајот „Феникс“ е театар и служи за дефокус од криминалите на власта, но и фрлање сенка на идентитетските обележја

Тодоровиќ повеќе од три часа на распит во суд за „Феникс“, Обвинителство бара притвор

30 дена притвор за Владимир Здравев за „Феникс“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.129 болни од Ковид-19

Редакција

Од „скршено срце“ почина сопругот на една од убиените учителки во масакарот во Тексас

Редакција

Директорот на БЈБ, Велковски во анкетниот лист пријавил два автомобили

Редакција