еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат бензините, цената на дизелот останува иста

Од вечерва на полноќ за половина денар се намалува цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а цената на Еуродизел (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 денари за килограм килограм и сега ќе изнесува 41,672 денари за килограм.

Со новата одлука бензиниот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 74,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 76,50 денари за литар, дизелот за 67,50 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 67 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стабилно време до крајот на неделата, со студени утра и магла по котлините

Редакција

Чифлиганец го отвори прашањето: Вучиќ нареди во најбрз можен рок да се потпише договор со кој на македонските и на српските граѓани ќе им се овозможи да купуваат недвижен имот во двете земји

Редакција

Еуролинк oсигурување отвора прва онлајн филијала за осигурување

Редакција