еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожар во бутик во зграда во Карпош зафати станови и возила

Рано утрово, во 03:15 часот, на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, беше опожарен продажен објект – бутик во сопственост на И.М. (54) од Скопје, сместен на приземјето на станбена зграда, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета.

Пожарот ја зафатил фасадата на зградата, делумно оштетил стан над бутикот во сопственост на М.Т. (36) од Скопје, надворешна единица на клима уред и прозорци на стан во сопственост на М.Ј. (79) од Скопје.

Дополнително, оштетени се и две патнички возила: „Шкода Камик“, паркирана од М.Т. (48) од Скопје, и „Форд Фокус“, сопственост на Љ.Р. (55) од Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита го локализирала пожарот, а увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки

Редакција

(Галерија) „Dreamy Passage“: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

Редакција

Одбиено и второто барање на Кочан за одложување на затворската казна

Редакција