еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По седум години бегство, Дејан Давидовски се предаде на полицијата за упадот во Собранието на 27. април

Дејан Давидовски кој беше баран со меѓународна потерница поради упадот во Собранието на 27. април, се предаде на полицијата по седум години бегство.

„На 25.08.2024 година во 10.30 часот на ГП Деве Баир, на влез во РСМ, се пријавил Д.Д. (43) од Скопје и при редовната пасошка контрола е констатирано дека евидира на стоп листата со мерка „лиши од слобода“ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода,“ информираат од МВР.

Давидовски пред пет години беше уапсен на аеродром во Шведска, откако по него трагаше Интерпол, но набрзо беше ослободен од тамошните власти. Македонија веднаш побара тој да биде екстрадиран, но шведскиот Врховен суд го одби барањето на македонските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дејан Давидовски, осомничен за „27 април“, со бугарски пасош, уапсен во Шведска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор за Вељаноски, Ристовски и Атанасов, осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Редакција

Силјановска за гафовите: Поважно е да не згрешите за тезите, отколку за име на град

Редакција

Собранието пред распуштање, претходно пратениците треба да гласаат за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители и за одбрана

Редакција