еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за девет лица, петмина во куќен притвор, мерки на претпазливост за девет осомничени во случајот со инвалидските пензии

Девет осомничени лица во случајот за инвалидските пензии и туѓа помош стекнати со лажни дијагнози добија притвор од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

49 лица давале и примале поткуп во замена за инвалидски пензии и туѓа нега со лажни дијагнози: Детали од МВР

Како што информираа од Основниот кривичен суд, пет од осомничените одат во куќен притвор, а на девет им се одредени мерки на претпазливост, односно имаат обврска да се јавуваат во судот и им се одземени патните исправи.

-Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице се уште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење, донесоа решенија, согласно предлогот на јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка, велат од Кривичен.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара притвор за 12 лекари „уиграни“ во шемата за давање инвалидски пензии и туѓа нега: Детали од Обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ги славиме Кирил и Методиј

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова во Берлин: Потребен е нов Маршалов план за обнова на Украина

Редакција

Денеска студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари

Редакција