еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

РК Алкалоид со апел до навивачите: “Да навиваме со срце, да бодриме со почит’

Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, кој ќе се игра во недела во Скопје, од тимот на денешната прес-конференција упатија апел до сите поддржувачи за фер и спортско навивање.

-Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб Алкалоид со фер и спортско навивање.

Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот.

Ви благодариме за сета досегашна поддршка и убавите коментари за првиот одигран натпревар против РК „АЕК“.

Во недела имаме пред нас уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката како никогаш до сега имаме потреба да нè бодри, да навива за нас, покажувајќи респект и почит кон гостинската екипа, во духот на фер-плејот.

Со нас на трибините во недела ќе биде и нашиот најмлад навивач кој има само две години, а единствената официјална навивачка група на РК „Алкалоид“ „Кафетинки“ се вистински пример за тоа како е да се навива гласно, но од срце и со стил!

Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта, заедништвото и витешката игра.

Да навиваме фер и со срце, напред Алкалоид!, рече претседателот на РК Алкалоид, Горан Минов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Алкалоид на чекор до европската титула, во Атина го победи АЕК

РК Алкалоид испиша историја и се пласира во финалето на Европскиот куп на ЕХФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Редакција

Како се лекувал Трамп од Ковид-19: Примил коктел со антитела кој бил развиен со употреба на клетки од абортиран фетус

Редакција

(Видео) Кавадарци добива јавен градски и приградски превоз

Редакција