еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Како се лекувал Трамп од Ковид-19: Примил коктел со антитела кој бил развиен со употреба на клетки од абортиран фетус

Еден од лековите што ги земал Доналд Трамп за време на лекувањето на коронавирусот е развиен со употреба на човечки клетки добиени од абортиран фетус, пишува „Гардијан“.

Лекот е коктел од моноклонални антитела развиен од Регенерон. Трамп добил инфузија од осум грама, а лекот не е одобрен.

Матичните клетки што се користат за развој на лекот се познати како клетки ХЕК-293Т и првично биле извлечени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во 1970-тите години од минатиот век.

Трамп постојано се обидува да го ограничи пристапот до абортус, а еден од неговите последни обиди е да ја номинира конзервативната католичка судијка Ејми Кони Барет за Врховниот суд.

Републиканската партија на Трамп е против истражување на ембрионални матични клетки и повикува на забрана за федерално финансирање на такви истражувања.

Трамп веќе ги ограничи ваквите истражувања во 2019 година.

– Го запревме федералното финансирање на истражување на ткиво на фетус. Заземаме став пред лобистите за абортус како никогаш досега, рече Трамп на почетокот на оваа година.

Портпаролката на Регенерон, Александра Боуви, рече дека компанијата спорните клетки ХЕК-293Т не ги смета за ткиво.

– Клетките слободно се делат во лабораторија и не сметаме дека оние што денес ни се достапни се ткиво на фетус, и инаку не користевме фетално ткиво, изјави Боуви.

Развојот на коктелот со 450 милиони долари го поддржа Барда, институција во рамките на тамошното Министерство за здравство, задолжена за истражување и развој во биомедицината. Не е достапен за јавноста и досега е тестиран само на 275 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Трамп се врати во Белата куќа и ја извади маската: “Не плашете се од Ковид-19„

(ВИДЕО) Трамп се јави од болничката соба: Следните неколку дена се клучни

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Редакција

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Редакција

„Еко-теам“ го доби тендерот за санација на колекторскиот систем Охрид-Струга вреден пет милиони евра

Редакција