еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се зголемува цената на бензините, се намалува на дизелот

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемува за половина денар, а на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на Еуросупер БС-95, со новата одлука ќе биде 73,50 денари за литар, цената на Еуросупер БС-98, 75,50 денари за литар, а на дизелот, 64,50 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, и истата останува 65 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,592 денари за килограм и истата сега ќе изнесува 35,450 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат

Редакција

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Клуге: Пандемијата не е завршена, вакцинацијата е клучна

Редакција

Убава вест: Оздравени 314 пациенти болни од Ковид-19, во Скопје 135

Редакција