еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Скоро 50% од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против голема кашлица

Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против пертусис, а во внатрешноста над 95 отсто од дечињата се вакцинирани, информираше денеска директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ), Рената Младеновска.

ДСЗИ, како што рече, ги контролира и приватните градинки. Фактот што околу 50 отсто од децата се невакцинирани или нецелосно, како што оцени, е поразувачки.

Податоците се од списоците што биле доставени вчера до ДСЗИ од градинките, а акцијата ќе продолжи.

Од вчера ДСЗИ врши надзори низ градинките и издава решение за забрана за примање деца кои се невакцинирани или нецелосно против пертусис.

Пејачката Росана Сариќ Тодоровска, на нејзиниот Фејсбук-профил реагираше дека во градинка не ги примале ниту децата кои редовно биле вакцинирани, а според календарот на имунизација, третата доза треба да ја примаат следната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Моќта на македонскиот пасош: Во колку земји можете да патувате

Редакција

Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ, тврди Заев

Редакција

Твитер му „закачи“ нов алијас на министерот за надворешни работи: Никола Димитров – Никиликс

Редакција