еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Со која друга земја освен Обединетото Кралство, Македонија има договор за стратешко партнерство

Македонија следната недела во Лондон ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Оваа е втор ваков договор за Македонија.

Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство освен зајакнување на безбедноста на Македонија, како што образложија македонскиот премиер Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон предвидува и заем за Македонија од 6. милијарди евра, кои земјава ќе ги троши за проекти во инфраструктурата, железницата, здравството…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познато за што ќе се трошат 6. милијарди од Обединетото Кралство, Македонија нема да отвара мигрантски кампови

Засега не е позната каматната стапка за заемот, грејс периодот и како ќе се враќа.

На вчерашната заедничка прес-конференција на Мицкоски и Лосон исто така беа деманитарани шпекулациите во македонските и британските медиуми дека договорот предвидува и дека Македонија се обврзала да прифаќања мигранти од Обединетото Кралство.

САД е првата земја со која Македонија скјлучила договор за стратешко партнерство

На 7. мај 2008 година во Вашингтон, САД од страна на тогашниот министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски и тогашната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс, беше потпишана Декларација за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Потпишувањето на Декларацијата уследи поради грчкото вето на Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година.

Поради неуспехот на американскиот претседател Џорџ Буш да издејствува членство на Македонија во Алијансата беше донесен предлог да се потпише декларација со која САД ја гарантира безбедноста на Македонија.

Со Декларацијата се потенцира определбата за зајакнати трговски и економски односи, како и можноста да се интензивираат релациите помеѓу Американците и Македонците, преку промоција на културна и образовна размена.

Новиот договор за стратешко партнерство пак доаѓа во време кога Македонија е блокирана на патот за официјално да ги започне преговорите за членство во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорот „влада со влада“ помеѓу Македонија и Обединетото Кралство ќе биде склучен следната недела во Лондон

Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

Редакција

Стопанска комора: До 4,5 милиони денари трошоци кај фирмите поради отсуство на работниците

Редакција

Половина од економските ветувања дадени од Владата се остваруваат спротивно од ветеното, покажува извештајот на „Finance Think“

Редакција