еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Со уметнички перформанс и лични приказни, гласно зборуваме за родовата еднаквост

На сцената во Младинскиот центар во Охрид синоќа како дел од перформансот „Простор за разговор“ разговаравме со младите за родовата еднаквост, информираат од ХЕРА.

Настанот е дел од проектот „Простор за разговор“ со кој преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс се зајакнува чувството на припадност кон заедницата и ги поттикнува младите, маргинализираните и социјално ранливите да се вклопат во заедницата.

Универзитетската професорка и уметник Рисима Рисимкин рече дека перформансот „Простор за разговор“ ги вклучува присутните отворено да разговараат за теми кои се важни за општетсвото.

„Сакаме да ги поттикнеме младите и сите оние останати како публика да зборуваат и да разговараат за родовата еднаквост, бидејќи сметаме дека е многу важно во секоја средина да се објасни пред се што значи родовата еднаквост и на кој начин треба да се делува во самата средина“, рече Рисимкин.

Од ХЕРА велат дека преку културен настан и активна вклученост на младите кои се дел од публиката се стремат за создавање на инклузивно општество и на рушење на стереотипите.

„Сепак кај нас се’ уште се соочуваме со ситуација со распространета нееднаквост меѓу жените и мажите. Таквата нееднаквост помеѓу жените и мажите не само што доведува до зајакнување на традиционалните улоги, туку и доведува до ситуација во која жените не можат да го постигнат својот професинонален и личен раст и развој.

Токму дискриминацијата, стереотипите и нееднаквоста прават исклучување на жените од различни општествени сфери како од образованието, вработувањето, па се до здраствената нега и до политичкото учество. Кај нас се’ уште сведочиме на ситуациии каде што жените не се доволно вклучени во одлучувачки позиции, освен оние позиции каде што е предвидена квота за нивно учество.

Токму затоа ние одлучивме да го покренеме прашањето за родова еднаквост и да дадеме до знаење на младите дека е клучно секој од нас да земе улога во ваквиот процес. За тоа колку е важно за да може секоја индивидуа во нашето општество да го постигне својот целосен потенцијал“, рече Ева Спасевска од ХЕРА.

Настаните се во организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

„Простор за разговор“ денеска на пладне ќе се изведува на културната сцена во Струга, со што завршуваат серијата настани кои изминатиот период се одржаа во шест градови низ државата.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Силвана Жежова

30 дена притвор за активистката Моника која се залага за легализација на марихуаната

Редакција

Околу 600 планинари се искачија на Клепа во чест на Калина и Александар

Редакција