Родителите на 14-годишниот Коста Кецмановиќ, кој лани во мај уби девет ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, се прогласени за виновни и двајцата добија затворски казни, пренесуваат српските медиуми.
Владимир Кецмановиќ, доби казна од 14 години и шест месеци затвор, а неговата сопруга Миљана Кецмановиќ, три години затвор.
Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен поради предизвикување општа опасност затоа што непрописно чувал оружје и муниција, со што му овозможил на својот син да изврши масовно убиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миљана Кецмановиќ е осудена за незаконско држење на оружје и експлозивни направи откако на еден од куршумите собрани во училиштето беше пронајдена нејзина ДНК.
Двајцата се прогласени за виновни и за кривичното дело злоставување и занемарување на малолетно дете.
Затворска казна од една година и три месеци доби и Немања Маринковиќ, инструкторот во стрелиштето каде што Коста учел да пука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште една жртва на пукањето во белградското училиште: Почина тешко ранетото девојче
Фото: Унсплеш