еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд ја врати надежта кај граѓаните дека ќе ги наплатат своите побарувања

Одлуката на Уставниот суд за поведување на иницијатива за оценување на уставноста на членот 2 и членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи, е официјално објавена во Службен весник.

Имено, измените се однесуваат на членот 368, каде се предвидува застарување на долгови или побарувања постари од 10 години и истите се отпишуваат. Објавена е и времената мерка со која се запира било какво постапување по овие членови, сѐ додека Уставниот суд не ја заврши постапката за оценување на уставноста.

Контроверзниот член предизвика низа реакции во јавноста, помеѓу стручната фела, граѓаните и деловната јавност. Реакциите се однесуваа исклучиво за овој член од законот, со кој се предвидува отпис на долговите постари од 10 години, а не за отпис на каматите, како што се шпекулираше во јавноста. Поднесените иницијативи се однесуваат исклучиво за преиспитување на отписот на долговите, додека измените кај намалувањето на каматите остануваат на сила.

Граѓаните кои долг временски период стравуваа дека не ќе можат да ги наплатат своите побарувања, сега може да здивнат. Уставниот суд им даде надеж дека сепак нивните побарувања нема да пропаднат и дека нивното право на сопственост, што е загарантирано со Уставот, нема да биде нарушено. Имено, адвокатските канцеларии се преполни со предмети на граѓани кои се обидуваат да ги наплатат своите побарувања со години.

Според адвокатите, најчесто се работи за ранливи групи кои имаат побарувања по различни основи, како на пример, алиментација, наплата на надомест за издршка на дете, побарувања од остварување на надомест од несреќен случај, при услови кога настапува смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето, а проблематичен аспект се и постапките за исплата на плата и други надоместоци од работен однос.

И стручната јавност смета дека Уставниот суд покажа силен интегритет и отвореност да анализира и оценува иницијативи за деликатни законски решенија од повеќе аспекти и коментираат дека времената мерка и запирањето на примената на овој член им дава насоки како да постапуваат во периодот до конечната одлука по овие иницијативи.

Уставниот суд одлучуваше по иницијативите поднесени од адвокатот Љупчо Кузмановски и иницијативата поднесена од Предраг Баришиќ.

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и дополнувањата на Законот за облигационите односи“, се вели во иницијативата поднесена од адвокатот Љупчо Кузмановски.

За штетните последици од овој член од Законот за облигациони односи реагираа и Стопанската комора и Адвокатската комора на Македонија.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на загинати од земјотресот во Мароко надмина 2.800

Редакција

Во сообраќајка на Халкидики загина 22-годишен македонски државјанин

Редакција

Годинава ќе повлечеме 110 милиони: ММФ и одобри на Македонија пристап до 530 милиони евра

Редакција