еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во штипскиот ковид центар од Ковид-19 починаа пациенти на возраст од 66 и 46 години од Штип и Кочани

Педесет болнички кревети се исполнети во штипското Инфективно одделение, а за 24 часа инфектолозите имале и 70 дневни прегледи.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека вчера имаат примено девет пациенти заразени со коронавирусот, а 37 се на кислородна поддршка.

Во Кожното одделение се хоспитализирани шестмина пациенти, кои чекаат да заминат на домашно лекување.

Двајца пациенти од Штип и Кочани на возраст од 66 и 46 години ја изгубија битката со вирусот во ковид центарот.

Во штипскиот вакцинален пункт трета доза досега примиле 1.650 граѓани, кои вообичаено биле имунизирани со кинеските вакцини.

Дијана Коцева-Миланова, координатор на вакциналниот пункт во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип за МИА вели дека дневно за бустер дозата имаат од 200 до 300 пациенти, додека за прва доза дневно им се јавуваат над 20 граѓани.

Коцева-Миланова информира дека утре вакциналниот пункт нема да биде отворен, со работа продолжуваат во понеделник.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 326 болни од Ковид-19

Редакција

Финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70% од нивните пациенти се вакцинираат, најави Филипче

Редакција

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на електричната енергија

Редакција