еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани, досега трета доза примиле 27.298 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464, а трета доза примиле 27.298 граѓани.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

48 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати во Тиквешко за 24 часа

Редакција

(Фото) „Не заигравме, но срдечно се поздравивме“: Космонаутко го вакцинираше и Шилегов

Редакција

Судењето за „27 април“ продолжува на 18 септември: Ќе сведочат осум поранешни пратеници меѓу кои и Талат Џафери

Редакција