еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште седум пратеници добија апанажа, засега 36

Уште седум други пратеници ќе добијат апанажа, утврди собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Станува збор за поранешните пратеници Арбен Зибери, Вјолца Адеми и Бедри Фазли од ДУИ, Снежана Калеска – Ванчева и Љатифе Шиковска од СДСМ, Енес Ибрахим од Партија за движење на Турците и Бастри Бајрами од „Беса“.

Заедно со претходните 29, вкупната бројка на пратеници кои ќе добијат апанажа, засега е 36.

Законскиот рок за поднесување на барање за апанажа истекува на 28. јуни, односно 30 дена по верификација на мандатите на новите пратеници.

Беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија на поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега 29 поранешни пратеници ќе добиваат апанажа

Кои пратеници ќе земаат апанажа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Прохор Пчински

Редакција

Заев за РСЕ: Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан

Редакција

„Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат е неписмено,“ вели Димитров за изјавата на Радев

Редакција