еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) „Гледај го светот во очи“: Вината „Луда Мара“, нов бренд на Тиквеш

„Луда Мара“ е нов бренд во палетата вина од „Тиквеш“, кој што синоќа беше промовиран во Музејот на современа уметност во Скопје.

„Гледај го светот во очи“ е слоган на брендот, а до него, присутните во Музејот на современа уметност го доближија бројните артистички содржини.

Музиката, танцот се извонредни начини да се пренесе пораката на слоганот, љубителите на виното храбро да се соочуваат со сите животни предизвици и со реалноста, не предавајќи се на рутината и не бегајќи од можностите, искуствата и предизвиците што ги носи животот.

Силната порака на брендот „Луда Мара“ е поткрепена со целосно нов визуелен идентитет, кој ја надополнува неговата приказна.

Брендот „Луда Мара“ го носи името на истоимената река која минува низ Кавадарци и има огромно влијание врз создавањето на виното и винската култура во овој регион низ вековите. Бројните легенди за оваа река ја опишуваат нејзината понекогаш грижлива, а понекогаш непредвидлива природа. Со своите излевања таа ја хранела и збогатувала почвата, но исто така ја покажувала и нејзината нескротлива сила. Оваа река е олицетворение на двојноста на животот и симбол на човечката издржливост и рамнотежата помеѓу човекот и природата.

Карактерот на реката Луда Мара опишан во овие легенди е инспирација за создавање на брендот „Луда Мара“, како и на дизајнот на етикетите на вината што се дел од него, повикувајќи на свесност и храбро соочување со животот.

Покрај уживањето во прекрасната атмосфера, на настанот присутните пријатели на „Тиквеш“, вљубеници во виното и јавни личности, имаа можност да ги пробаат врвните вина од брендот „Луда Мара“. Под овој бренд се достапни четири вина и тоа две купажи „Luda Mara White Cuvée“ и „Luda Mara Red Cuvée“, како и две сортни вина „Luda Mara Temjanika“ и „Luda Mara Vranec“.

Темелниот пристап за креирање на овој бренд е базиран на успешно етаблирање на вината „Луда Мара“ на домашниот и на странските пазари. Следејќи го примерот на другите добро познати брендови на „Тиквеш“, како „Т’га за југ“, „Александрија“ и вината од специфични микро-локации, се очекува и брендот „Луда Мара“ да ги освои срцата на потрошувачите и набрзо да стане еден од водечките брендови на пазарот.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија

Редакција

„Гудиес“ го доби тендерот на МВР за набавка на храна за службените кучиња вреден 114.000 евра

Редакција

Твитер во „црвено“ за казната од 45 евра за возачот кој со „бентли“ влета на скопскиот плоштад

Редакција