еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев и Ципрас му ја дадоа првата награда за мир “Преспа“ на Нимиц

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска во Атина, Грција, на медијаторот за името Метју Нимиц, му ја дадоа првата Награда за мир “Преспа“.

-Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името.

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.

Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, напиша Заев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев и Филипче на конференција за Преспанскиот договор во Атина

Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Гевгелија и Дојран има по 3 активни случаи на Ковид-19, во Богданци 2

Редакција

Завршните зборови на одбраната за „Тортура“ продолжуват на 31 мај

Редакција

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра, објави „360 степени„

Редакција