еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Царини од 25% за увоз на челик и алуминиум во САД од сите земји, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 25% за увоз на челик и алуминиум во САД за сите земји.

Тие ќе бидат објавени на почетокот на оваа недела.

Најпогодени од новите царини ќе бидат Канада, Бразил и Мексико, кои се најголемите снабдувачи на САД со челик и алуминиум.

Од Европската унија (ЕУ) најавија контрамерки доколку САД воведат дополнителни царини за стоки од ЕУ.

Пред извесно време повисоки царини за ЕУ најави самиот Трамп.

Истите би биле голем удар за економијата на ЕУ, посебно за Германија.

Трамп најави и „реципрочни царини“, односно дека САД ќе воведат царини за увоз на производи доколку друга земја воведе царини за американски стоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложени новите царини на САД за Канада и Мексико, за Кина остануваат

САД воведе повисоки царини за Канада, Мексико и Кина, Трамп најави и за Европската Унија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува, плата до 32.835 денари

Редакција

(Видео) Застрашувачко водено торнадо на грчкиот остров Евиа

Редакција

Амбасадата на Турција со детали за испораката на помош од Македонија

Редакција