еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амбасадата на Турција со детали за испораката на помош од Македонија

Владата, соодветните јавни институции, општините, Црвен крст, стопанските комори, невладините организации и граѓаните искажаа максимална мобилизација со цел на пренесување на материјалната помош од Македонија до регионите на Туркије погодени од земјотресите, велат од Амбасадата на Република Туркије во Скопје.

-На 9 февруари во организација на Амбасадата на Република Туркије во Скопје се одржа координативна седница на тема пренесување на материјалната помош до Туркије со учество на долунаведените институции на Македонија:Генерален секретаријат на Влада, Министерство за надворешни работи, Министерство за здравство, Царинска управа, претседател на ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа), Центар за управување со кризи, Црвен крст, претседател на МАТТО.

Црвен крст на Македонија и Заедницата на единици на локална самоуправа се надлежни и во координација за собирање на потребната помош наведена во списокот во прилог, собрана од лица и институции, и пренос на истата до Туркије.

Лицата и институциите кои сакаат да пратат материјална помош наведена во списокот во прилог, треба да ги контактираат долунаведените контакт броеви. Помошта собрана од страна на Црвен крст ќе биде доставена до турската Црвена полумесечина, велат од таму и ги посочуваат следниве контакти: Црвен крст: Лупка Петковска +389 71 223 897, ЗЕЛС: Ана Гјуроска +389 71 391 167, Весна Арсовска +389 70 364 859.

– Правните лице може да пратат материјална помош со царинската декларација. Деталните податоци се објавени на веб страницата на Царинска управа на Северна Македонија (customs.gov.mk).

Во таа насока, потребно е да се стапи во контакт со Царинска управа и Советништво за трговија при Амбасада на Р.Т. во Скопје преку наведените контакт информации: Царинска управа на С. Македонија:+389 77 709 848 и +389 71 248 156, Централа на Советништво за трговија при Амбасада на Р.Т. во Скопје:+ 389 2 322 40 10, е-пошта на Советништво за трговија при Амбасада на Р.Т. во Скопје:[email protected].

Во прилог се доставува информативната белешка за царинските процедури кои треба да се следат при транспорт на материјална помош до Туркије преку Бугарија.

Се замолуваат правните лица да достават податоци за содржината на материјалната помош до Амбасада на Република Туркије во Скопје. е-пошта на Амбасада на Република Туркије во Скопје:[email protected].

Се очекува материјалите кои ќе се испратат во вид на материјална помош да бидат нови, пакетирани, согласно зимските услови и на пакетите на турски јазик јасно биде напишано видот на материјалната помош.

На самиот пакет како примач на материјалната помош во Туркије во вид на етикета треба да се наведе “Ankara Sosyal Yardımlaşma ve Dayanışma Vakfı”.

Материјалната помош која ќе биде пратена по копнен пат, во Ипсала и Капикуле ќе бидат прифатена во центрите на собирање помош на Вилајетот на Едрене. На следниот линк може да го најдете списокот на центрите за собирање помош:edirne.gov.tr, велат од таму

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските граѓани донирале 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за “Меѓународен сојуз” продолжува на 24 март

Редакција

Изведени материјални докази во предметот „Шпански скали”

Редакција

26 од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција