еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

При сајбер-нападот, нема излевање на податоци за пациентите, велат од Фондот за здравствено осигурување

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција.

Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.

– ФЗОРСМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми, дека лиферираните информации се забелешки кои се однесуваат на 2021 година и по кои Фондот уште од минатата година постапува.

Конечниот извештај за извршена ревизија на ревизорите од Државниот завод за ревизија, доставен на 23 јануари 2023 односно минатиот месец, укажува дека во текот на 2022 година отпочната е постапка за јавна набавка на услуги за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци со кои се очекуваше состојбата да биде надмината, велат од ФЗО.

Јавната набавка, појаснуваат оттаму, е распишана на 30.09.2022 година, додека договорот е склучен на 09.12.2022 година, при што селектираната компанија започнала со работа од 1 јануари 2023.

Според планот и спецификацијата, првата фаза односно миграцијата на системската инфраструктура требаше да се реализира во текот на оваа недела, кога всушност се случил нападот, а после која фаза би почнала миграцијата на апликативна и податочна инфраструктура.

-Анализата на експертските техничките тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Техничките тимови приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.

Во интерес на транспаретно и прецизно информирање на јавноста, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, Фондот навремено ќе информира, велат од Фондот за здравствено осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентите можат да се лекуваат непречено, се справуваме со сајбер напад, велат од Фонд за здравствено осигурување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 511

Редакција

Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100, вели Јолевски

Редакција

(Видео) Заев: Вилма Русковска на чело на „новото СЈО“ кое ќе работи под капата на Државното обвинителство

Редакција